Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Хан – Ако сака во ЕУ, Србија да воведе санкциите против Русија

Хан – Ако сака во ЕУ, Србија да воведе санкциите против Русија

Брисел, 1. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Србија треба „внимателно да ја разгледа“ одлуката да не се приклучи кон санкциите на ЕУ против Русија, доколку сака да се приклучи кон Европската унија, изјави мандаторот за функцијата комесар за проширување и политиката на соседство на ЕУ Јоханес Хан.

– Ако Белград сака членство во ЕУ, треба да се испрати вистинскиот сигнал по прашањето на санкциите против Русија, изјавил Хан.

Претседателот на Србија Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ во неколку наврати изјавија дека Србија нема да ги поддржи наметнатите од страна на ЕУ санкции против Русија, поради нејзината политика во Украина.

Во Белград се надеваат дека патот на земјата кон ЕУ нема да им наштети на односите со Русија. Министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, за време на посетата во Словенија во септември истакна дека „уште од самиот почеток Србија стои на ставот дека патот кон ЕУ нема да ги расипува добрите односи со Русија“. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Јахјага – САД повеќе не ни го одредуваат премиерот
Next Сообраќајка заврши трагично кај Врање – Му пукал на возачот во срцето

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.