Приштина, 9. септември 2015 (ИНПРЕС) – Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и пратеник во Парламентот во Приштина Рамуш Харадинај поднесе оставка од функцијата член на владината Комисија за надворешна политика, испраќајќи порака до власта да внимава да не ја доведе земјата до степен, на кој прашањето ќе биде дали некој воопшто ќе сака да живее во неа, пишува весникот „Коха диторе“.
Алијансата за иднината на Косово соопшти дека Комисијата за надворешна политика се претворила во политички инструмент на премиерот Иса Мустафа и вицепремиерот Хашим Тачи и ја загубила смислата и својата првобитна улога.
Незадоволен од демаркирањето на границата со Црна Гора, Харадинај ги нарече службениците во таа Комисија „идиоти“ и со други погрдни имиња.
Харадинај ја обвини косовската Влада дека и предала косовска земја на Црна Гора. (Крај)
извор: Алфа фото: архива
