Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на репертоарот на театарот на 7-ми и 8-ми март

Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на репертоарот на театарот на 7-ми и 8-ми март

1 min read
Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на репертоарот на театарот на 7-ми и 8-ми март

Охрид, 5. март 2024 (ИНПРЕС) – На барање на публиката, претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, ќе се прикажува на репертоарот на Охридскиот театар, во четврток, на 7-ми и петок, 8-ми март, со почеток во 20:00 часот.

– Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек, информираат од Охридскиот театар.

Улогите ги толкуваат актерите: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ- Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ- Вељаноска и Марија Новак.

Самото дејствие се случува во зграда, во стан модерно наместен со прекрасен поглед на градот, со убаво креирана костимографија. Несуден диригент на ова лакрдија е куќната помошничка која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа. Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.

Билетите се пуштени во продажба по цена од 250 денари. Резервации за претставата не се примаат и билетите ќе се продаваат само на билетара по принцип прв дојден, прв услужен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето на улиците „7. Ноември“ и „Марко Нестороски“
Next Средношколска крводарителска акција во СОСУ „Св. Кирил и Методиј”

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот
1 min read

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.