Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Хрватите бараат подобро образование

Хрватите бараат подобро образование

Загреб, 3. јуни 2016 (ИНПРЕС) – Десетици илјади на масовен собир во Загреб поддржаа реформи и му рекоа „доста“ на примитивизмот.

Повеќе од 40.000 луѓе во неколку хрватски градови, но и во странство, во средата вечерта излегоа на масовен протест во знак на поддршка на најавената реформа на наставната програма во земјата. Таканаречената курикуларна реформа претставува стратегија за унапредување на образованието, науката и технологијата во чија изработка се вклучени голем број експерти и работни групи. Цел на реформата е воспоставување координиран и ефикасен систем на образование преку сеопфатна содржина и структурни промени со цел да се обезбеди учениците да се стекнат со корисно и значајно образование, поголема вклученост на родителите во образовниот процес, а би го зголемила и гарантирала професионализмот на учителите, наставниците, без можност да бидат цел на разни притисоци.

На градските плоштади во Загреб се собраа реки луѓе, кои го кренаа својот глас против примитивизмот и мешањето на политиката во образованието. (Крај)

извор: Утрински фото: архива

Post navigation

Previous Стоп за визната либерализација за Косово, Турција, Украина и Грузија
Next Штрајк на вработените во солунското пристаниште

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.