Охрид, 29. април 2026 (ИНПРЕС) – учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Охрид вечерва организираат хуманитарен концерт.
Целта е да се обезбеди помош за социјално загрозените семејства на матуранти.
– Ве покануваме да бидете дел од овој настан исполнет со музика, младешка енергија и хуманост. Секој купен билет по цена од 50 денари е поддршка за оние на кои им е најпотребно, информираат од училиштето.
Концертот ќе се одржи на спортскиот терен во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со почеток во 19:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
