Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ЦЈЗ: Водата од градскиот водовод во Струга е здравствено безбедна

ЦЈЗ: Водата од градскиот водовод во Струга е здравствено безбедна

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид/Струга, 10. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Водата од градскиот водовод во Струга е здравствено безбедна, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.

Денес завршила комплетната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на примероците на вода за пиење земени на 7-ми овој месец од градската водоводна мрежа во Струга.
– Сите анализирани параметри на земените примероци на вода се во законски дозволените граници, што значи дека согласно Правилникот за безбедност на вода водата од Градскиот водовод во Струга е здравствено безбедна.
Извештаите од анализите се испратени до надлежните инспекциски органи за натамошно постапување, велат од центарот.

Оттаму со апел до жителите на Општина Струга и околните села приклучени на Гградскиот водовод да бидат претпазливи при користење на водата за пиење, особено за време и неколку дена после обилни врнежи од дожд. Имено, доколку водата која тече од чешмите е видливо матна и истата не се избиструва после течење на чешмата од 3-5 минути, да се избегнува користењето на таквата вода за пиење.

Додаваат дека Центарот за јавно здравје Охрид континуирано ја следи состојбата со квалитетот на водата за пиење во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и навремено информира во случај на детектирани отстапувања на квалитетот на водата за пиење. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Се одбележуваат 80 години од формирањето на Првата Македонско-косовска ударна бригада
Next Македонската традиционална таеквон-до федерација викендов учествува на два Меѓународни натпревари во Бугарија и Албанија

Слични вести

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници
1 min read

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво
1 min read

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.