Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Шаќири: До крајот на неделата сите ученици ќе ги добијат учебниците

Шаќири: До крајот на неделата сите ученици ќе ги добијат учебниците

Скопје, 2. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Министерот за образование и наука Јетон Шаќири изјави дека од денеска почнала доставата на учебниците за шесто одделение. До крајот на неделата, како што посочи, очекува сите учебници да се достават, а доколку се јави потреба, ќе побара од економскиот оператор доставата да продолжи и за викенд.

– Денеска во делот на училиштата има достава на учебници за шесто одделение, која ќе продолжи тековно утре и до крајот на неделата. Очекувам сите учебници да се достават, но, доколку постои потреба, ќе побарам од економскиот оператор, да има достава и во сабота и недела, рече Шаќири во изјава за медиумите по панел дискусијата „Вклучување на медиумската писменост во основното образование – искуства и предизвици“.

Во однос на учебниците во средните училишта, каде учениците се жалат дека учат од оштетени учебници, Шаќири вели дека дел од издавачките куќи кои ги имаат правото на сопственост, побарале пет дена одложување за да може да се обезбедат учебници за сите ученици.

– Секој одобрен учебник доаѓа од Националната комисија за учебници. Доколку постои задоцнување на доставата од страна на МОН, одговорноста е на министерот. Сите учебници што се одобрени, од страна на педагошката служба, веднаш се издадени со договор за нивно печатење. Тоа што за одредени учебници има жалбени постапки, не зависи од министерот, рече Шаќири.

Учебниците за трето и за шесто одделение се по нова наставна програма и не беа доставени до училиштата на стартот на новата учебна година

Тој додаде дека во септември имале доставено повеќе од 80 отсто од учебниците, нагласувајќи дека нема одговорност секаде да интервенира.

Податоците на државната Комсисија за спречување на дискриминација покажува дека од вкупно 126 учебници потребни за сите предмети во основното образование, на почетокот на оваа учебна година Министерството за образование не обезбедило една третина односно 43 учебници. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

Post navigation

Previous Денеска почнува исплатата на пензиите со зголемување од 5,3%
Next Без вода жителите на улица „Јордан Мијалков“ и селата Лескоец, Велгошти и Горно Лакочереј

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.