Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Шопрад: ЕУ не смее да ја уценува Србија

Шопрад: ЕУ не смее да ја уценува Србија

1 min read

Белград, 6.јули 2015 (ИНПРЕС) – Србија е европска нација има свое целосно место во Европската унија (ЕУ), но влегувањето во Унијата не смее да биде засновано на уцени, изјавил европратеникот од редовите на францускиот „Национален фронт“, Емерик Шопрад, пренесуваат српските медиуми.

– Треба да се биде праведен кон Србија. Таа има право на своите специфични интереси, да го штити посебниот статус на Косово и Република Српска, да не ги прекинува врските со остантите Срби кои живеат вон нејзината територија. Но треба да влезе во ЕУ и ние тоа го поддржуваме, изјавил Шопрад за „Вечерње новости“.

Францускиот европратеник, кој неодамна предизвика големо внимание со двете предложени резолуции во Европарламентот, поврзани со Србија, вели намерата со неговата предлог резолуција за Сребреница била „да се нападне пристрасниот и едностран пристап кон прашањето за Сребреница“.

– Историјата треба да се гледа правично. Доколку се говори за злосторствата, треба да се набројат сите злосторства. ЕУ мора да престане да лаже за историјата. Не смее да се игра на картата за обвинување и дијаболизирање на народите, рекол Шопрад, додавајќи дека Белград во преговорите мора да пружи отпор.

-Во преговорите има одмерување на силите. Треба да се биде силен и да се бранат своите посебности, рекол францускиот европратеник.(Крај)

извор:Макфакс фото:архива

Post navigation

Previous Варуфакис неочекувано даде оставка
Next Киршнер: Референдумот во Грција е глас на демократијата

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.