Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Јанкулоски: Од почетокот на годинава интервенирано е на 7 опожарени оџаци, апел до граѓаните редовно да ги чистат и одржуваат

Јанкулоски: Од почетокот на годинава интервенирано е на 7 опожарени оџаци, апел до граѓаните редовно да ги чистат и одржуваат

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 15. јануари 2024 (ИНПРЕС) – Во првите 15 дена од оваа година охридската Територијална противпожарна единица интервенирала на 7 опожарени оџаци, информира за Супер радио и InPress командирот Борко Јанкулоски.

Тој упати апел до граѓаните редовно да ги чистат и одржуваат оџаџите, за да не дојде до несакани последици.

– Апелираме до жителите на општините Охрид и Дебрца да извршуваат контрола и редовно одржување на оџаците и грејните тела, исто така да бидат крајно внимателни со користење на разни и несоодветни продолжетоци на кој се приклучени повеќе уреди,сѐ со цел да немат преголемо оптоварување на електричната инсталација, а со самото тоа и до несакани последици. Исто така да бидат совесни и да ја почитуваат патната сигнализација се со цел да се избегнат сообраќајните незгоди, вели Јанкулоски.

Инаку, од почетокот на 2024 година заклучно со денешниот ден охридските пожарникари интервенирале на вкупно 13 пожари. Од нив 9 биле пожари на објекти (7 опожарувања на димоводни канали и 2 опожарувања на делови од индивидуални станбени објекти) и 4 пожари на отворен простор.

Оттаму потсетуваат дека ТППЕ Охрид е подготвена и секогаш е во служба на граѓаните да реагира на терен со своите дежурни екипи 24/7. Па, така во случај на пожар,сообраќајна незгода или било каква елементарна непогода уредно да пријават на итните броеви 193/112. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Велкоска: Реконструкција на дворот на Гимназијата не се одвива со посакувана динамика, но се надевам дека што поскоро ќе продолжи
Next Во тек пријавувањето капачи за Водици, покрај од Охрид пријавени верници и од други градови

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.