Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ЈП „Охридски комуналец“: Повлечени контејнерите од Грашница, граѓаните да не депонираат отпад на оваа локација

ЈП „Охридски комуналец“: Повлечени контејнерите од Грашница, граѓаните да не депонираат отпад на оваа локација

Охрид, 24. октомври 2023 (ИНПРЕС) – ЈП „Охридски комуналец“ ги повлече контејнерите од Грашница што беа наменети за комунален отпад од плажите Канео и Лабино.

Од претпријатието додаваат дека контејнерите ги поставиле за полесно справување со комуналниот отпад што се создавал на тешко пристапните плажи, но несовесни поединци ги злоупотребувале за депонирање на секаков вид отпад.

– Контејнерите беа злоупотребувани за депонирање на секаков вид отпад од околното население, посебно кабаст отпад и градежен шут, деградирајќи го овој простор, злоупотребувајќи ја намената на контејнерите и нашите напори за подобро справување со отпадот од тешко пристапните плажи, велат од претпријатието.

Оттаму апелираат до граѓаните да не депонираат комунален отпад, кабаст и зелен отпад и градежен шут на оваа локација. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утревечер ќе биде отворена изложбата „Издигнување“ на Христијан Томаноски
Next Од почетокот годинава се бележи намалување на бројот на издадени одобренија за градба во Охрид

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.