Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Јаневска: Просекот на државната матура е повисок од лани, фатени 172 ученици како препишуваат

Јаневска: Просекот на државната матура е повисок од лани, фатени 172 ученици како препишуваат

Скопје, 5. август 2025 (ИНПРЕС) – Просекот од полагањето на државната матура во јунскиот рок за учебната 2024/ 2025 е повисок од ланскиот, односно, просечната оценка е 3,69, што е  подобрување од ланската која изнесуваше 3,26, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Михајловска, рекоа дека голем дел од учениците испитите ги полагаа во амфитеатри и предавални во најблиските факултети и не биле евидентирани масовни прекршувања на правилата како во минатото.

– За полагање се пријавија 15.004 матуранти, а 3% од нив не се појавија на испит. По сите предмети имаме подобрување на постигнувањата и тоа сметам дека е плод на добрата подготовка на учениците и препораките кои ги дадовме до сите чинители на процесот, рече Јаневска.

Министерката кажа дека не биле евидентирани препишувања како во изминатите години кога цели групи по илјада, две илјади ученици, организирани најчесто преку апликации за комуницирање и со користење на мобилни уреди, имаа до збор идентични одговори.

– Годинава 172 ученици се обидоа да се надмудруваат со системот, ризикуваа и си го одложија завршувањето на средното образование. Следното полагање започнува во вторник на 12 август, рече таа.

Лани беа фатени 268 препишувачи. Според Михајловска, по однос на резултатите биле поднесени 507 приговори, а 75 ученици извршиле увид во тестовите.

Просечниот успех по мајчин јазик е 3,68, за разлика од лани кога изнесуваше 3,37. Просечната оценка по англиски јазик е зголемена од 3,06 на 3,65. Постигањата по математика изнесуваат 4,14 и се подобри од ланските 3,73. Учениците кои полагаа француски јазик остварија просечна оценка од 4,67, повисока од ланската 4,47. По германски јазик просечната оценка е 4,42, за разлика од јуни 2024 година кога изнесуваше 4,33. По естетика просекот е 4,93 и е повисок од ланскиот 4,63. Учениците по филозофија постигнаа просечна оценка 3,71.

Матурантите кои не положија државна матура, ќе полагаат мајчин јазик на 12 август и странски јазик, математика, естетика и филозофија на 14 август. Полагањето на интерните испити е од 15 до 20 август, а проектната задача треба да ја одбранат во периодот од 19 до 26 август. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

Post navigation

Previous Наскоро почнуваат уписите, во охридските високообразовни установи може да се запишат вкупно 550 бруцоши
Next Книжевно – музичка вечер во Лапидариумот во Охрид

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.