Охрид, 10. јуни 2026 (ИНПРЕС) – За основците и средношколците денеска завршува учебната 2025/2026 година, официјално стартува летниот распуст што ќе трае до 31август, кога повторно ќе се вратат во училишните клупи.
За матурантите наставата заврши на 15 мај, а утре ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик, односно македонски, албански, турски или српски јазик. Во петок испитите ќе ги полагаат и кандидатите за државна стручна и државна уметничка матура.
Полуматурантите, пак, ги очекува упис во средните училишта, што започнува во петок, 12. јуни. Ќе има три пријавувања за полуматурантите, две во јуни и едно во август.
Согласно објавениот конкурс, во четирите средношколски центри во Охрид ќе може да се запишат 697 полуматуранти, што е за 86 ученици помалку во однос на ланскиот конкурс. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
