Ќе се поставува втор слој асфалт на улицата „Македонски просветители“, на потегот од Пожарна до ЕВН
April 29, 2025

Охрид, 29. април 2025 (ИНПРЕС) – Подготвителни активности за поставување на вториот слој асфалт на дел од улицата „Македонски просветители“, на потегот од ЕВН, пред Полиција и Пожарна, па сѐ до свртувањето кон улицата „Абас Емин“.

Овој дел претходно беше тампониран и се нивелираа шахтите, по што започна и асфалтирањето. Започнато е и уредувањето на тротоарите, извадени се бекатон плочките, уреден е просторот околу дрвата и веќе се посавени нови ивичници.

Според најавите, по средување на овој потег, ќе се работи и натаму кон пресекот со улицата „Абас Емин“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес