Бар, 19. ноември 2016 (ИНПРЕС) – Во Црна Гора преку пристаништето во Бар, воопшто не пристигнала пратка со месо кое е старо 30 години и потекнува од резервите на НАТО.
Ова го соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство, по разговорот што директорот Зоран Поповски го направил со ветеринарните служби во оваа држава. АХВ, пред добивање на официјална информација, врз основа на шпекулации, ги засилила контролите на граничните премини.
Притоа Агенцијата апелираше до медиумите и граѓаните „да не се создава паника дека месо од ваквата пратка ќе дојде до македонскиот пазар“. Апелот се однесуваше и до граѓаните и до операторите со храна, доколку имаат сознанија дека небезбедно месо или било кој друг производ се наоѓа на домашниот пазар тоа да го пријават писмено или лично во Агенцијата за храна и ветеринарство, како и на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22 или на електронската адреса на Агенцијата за храна и ветеринарство info@fva.gov.mk. (Крај)
извор: Нова ТВ фото: архива