Охрид, 26. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Црвен крст Охрид со итен апел за помош на семејство од село Подмолје, чија семејна куќа целосно изгоре во пожар.
Пожарот целосно го уништи нивниот дом, оставајќи двајца пензионери без покрив над глава и без основните услови за живот. На семејството итно му се потребни финансиски средства, како и градежен материјал за реновирање и обнова на целосно опожарениот дом.
– Ги повикуваме сите хумани граѓани, компании и организации кои се во можност да помогнат, да го сторат тоа. Секоја поддршка, мала или голема, претставува надеж и чекор поблиску до повторно создавање на нивниот дом. Сите хумани граѓани и компании кои сакаат да помогнат, можат да донираат на следната трансакциска сметка:
Трансакциска сметка: 210501603892333
Танас Мојсоски – НЛБ Банка
Контакт телефон: 070 799 868 (Христина Мојсоска), стои во апелот од Црвениот крст.
Потенцираат дека секоја донација, без разлика на износот, претставува огромна поддршка за ова семејство кое се соочува со тешка животна ситуација. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







