Охрид, 7. август 2025 (ИНПРЕС) – По повод чествувањето на Св. Климент Охридски – Патронот на градот, вечерва ќе се одржи оперскиот рецитал „Од младите глас – за Св. Климент и за спас“.
Ќе настапат младите охридски музичари Билјана Буџакоска – сопран, Стефани Дудиќ – сопран, Изабела Димовска – мецосопран и Дамјан Милески – пијано.
– Повелете преку звуците на бесмртната музика и силата на уметничкиот израз да го чествуваме Св.Климент Охридски – симболот на знаењето, љубовта и духовниот светилник на Охрид и Македонија, стои во поканата од Општина Охрид како организатор на настанот.
Оперскиот рецитал ќе се одржи во дворот на црквата „Св.Богородица Перивлепта“ со почеток во 20:30 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
