Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вечерва претпремиера, утревечер премиера на претставата „Парите се отепувачка“ на Народен Театар Охрид

Вечерва претпремиера, утревечер премиера на претставата „Парите се отепувачка“ на Народен Театар Охрид

1 min read
Вечерва претпремиера, утревечер премиера на претставата „Парите се отепувачка“ на Народен Театар Охрид

Охрид, 30. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Народен Театар Охрид утревечер од 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе ја одигра премиерата на претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, во адаптација и режија на Андреј Цветановски.

Во претставата играат актерите: Стрезо Стаматовски во улогата на Митре, Филип Кипровски е Анѓеле, Марија Новак е Мара, Адријана Билаловиќ – Тодороска е Ката, а Никола Тодороски ќе го игра Софре.

„Парите се отепувачка“ е битово-социјална драма со мотиви од печалбарскиот живот. Темата е животот и трагедијата на едно македонско сиромашно семејство кое е принудено да го испрати својот единствен син на печалба, а идејата е јасно изразена во насловот – проклетството на парите. Дејството се случува во дваесеттите години на XX век, некаде во Западна Македонија.

– Парите се отепувачка спаѓа во класиците на македонската драматургија и како таква секогаш е подложна за нови сценски прочити. А тоа е можно затоа што темата е секогаш универзална : Која е жртвата што ја прави оној што оди на печалба, но и која е жртвата на семејството кое останува и чека печалбарот да се врати? Дали вреди животот да се стави на пауза заради соништата на семејството? Дали изгубеното време се надоместува со било кои пари? Низ овие поставени прашања се обидовме да направиме античка трагедија низ македонскиот мелос од битовата драма на Ристо Крле, вели режисерот Цветановски. Ова за него е петта премиера со oхридскиот народен театар. Впречем, Цветаноски беше режисер на првата претстава „Метаморфози“ што охридскиот театар ја изведе во 2011 година како Национална установа во рамки на Центарот за култура.

Претпремиерата на претставата е вечерва со почеток во 20:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

 

Post navigation

Previous И денес повеќе часа без вода ќе бидат жителите на Лукоска маала во Велгошти
Next Утревечер детскa интерактивна претстава „Другарство“

Слични вести

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.