Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во сабота свеченост по повод јубилејот „55 години од творештвото на Јордан Манасијески“

Во сабота свеченост по повод јубилејот „55 години од творештвото на Јордан Манасијески“

1 min read
Во сабота свеченост по повод јубилејот „55 години од творештвото на Јордан Манасијески“

Охрид, 29. мај 2025 (ИНПРЕС) – Оваа сабота, 31-ви мај со почеток во 19:30 часот, во големата сала на Општина Охрид, ќе се одржи свеченост по повод јубилејот „55 години од творештвото на Јордан Манасијески“.

Според програмата, предвидена е промоција на монографијата од Манасијески со историчарот на уметност Владо Ѓорески- Рафико и Љупчо Жупан од Галерија „Букефал“ како промотори.

Ќе се одржи и хуманитарно-продажна изложба на графики, како и културно-уметничка програма со настапи на гитаристот Дамјан Пејчиноски и охридскиот женски хор „Акордис“.

Јордан Манасијески е академски сликар кој живее и твори во Охрид, дипломец на Педагошкиот факултет, отсек ликовна уметност во 1969 година, во класата на Вангел Коџоман. Неговите слики го привлекоа вниманието на светските уметнички центри, од најпрестижната светска ликовна критика. Уметничките креации на Манасијески се дел од бројни изложби во Париз, Рим, Лондон, Њујорк, Фиренца, Рим, Токио, Ватикан… (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утре промоција на стихозбирката „Поезија извор од душата“ од Љубица П. Чифлигароска
Next Водостојот на Охридското Езеро е на 20 сантиметри под просекот за мај

Слични вести

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.