Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро е на 20 сантиметри под просекот за мај

Водостојот на Охридското Езеро е на 20 сантиметри под просекот за мај

Водостојот на Охридското Езеро е на 20 сантиметри под просекот за мај

Пештани плажа Охридско Езеро

Охрид, 29. мај 2025 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во бележи тренд на зголемување, но и понатаму е под просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), нивото на водата во езерото е на кота од 693,45 м.н.в што е за 20 сантиметри под просекот за овој месец (693,65 м.н.в) и 35 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 15 степени и е во рамки на просекот.

Од почетокот на месецов водостојот е покачен за 7 сантиметри, а на денешнава кота се одржува повеќе од една недела.

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 22. степени.

– Во петок и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на пороен дожд. Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на дневните температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Во сабота свеченост по повод јубилејот „55 години од творештвото на Јордан Манасијески“
Next Мобилна пристапна рампа и лупа за читање за лицата со оштетен вид донирани на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.