Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во среда ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“

Во среда ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“

1 min read
Во среда ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“

Охрид, 11. август 2025 (ИНПРЕС) – Во среда, 13-ти август, кај Спомен обележјето на Живко Чинго, во атарот на црквата „Св. Петка“ во Велгошти ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Манифестацијата со која ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на Чинго ќе започне во 20:00 часот.

Програмата предвидува полагање на свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, обраќање на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, доделување на наградата за најдобар расказ и кратко обраќање на добитникот на наградата Дијана Петрова.

Ќе биде промовирана и книгата „Наградата Живко Чинго од востановувањето до денес“.

Беседа за Чинго ќе одржи проф.д-р Кристина Николовска, по што ќе следува културно-уметничка програма со настап на „Трио Долче“ и КУД „Филиграни“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охрид во јуни го посетиле 29.919 странски туристи, најмногу од Турција, Србија, Германија и Холандија
Next Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Слични вести

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб
1 min read

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“ Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.