Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во тек е реконструкција на регулацискиот објект на реката Црн Дрим, познат како „дрвениот мост“ во Струга

Во тек е реконструкција на регулацискиот објект на реката Црн Дрим, познат како „дрвениот мост“ во Струга

Во тек е реконструкција на регулацискиот објект на реката Црн Дрим, познат како „дрвениот мост“ во Струга

Струга, 17. октомври 2025 (ИНПРЕС) – АД ЕСМ, преку својата подружница ХЕС Црн Дрим, започна со активности за реконструкција и санација на едно од најпрепознатливите  обележја во градот Струга – регулациониот објект познат како „дрвениот мост“, преку кој се врши регулација на истекот на водите од Охридското Езеро во реката Црн Дрим, а со тоа и заштита на градот од поплави.

Работите започнаа пред околу две недели и веќе се во напредна фаза, а нивното завршување се очекува до крајот на месец октомври, изјави Гоце Божиновски, директор на Подружница ХЕС Црн Дрим.

– Со овој зафат мостот ќе го задржи својот автентичен изглед и историски карактер, со што ќе се обезбеди негова целосна функционалност за регулација на истекот на водата, како и зголемена безбедност на пешаците кои секојдневно поминуваат преку него. На тој начин, објектот ќе продолжи да ја има својата значајна улога – и како дел од хидросистемот на Црн Дрим, и како симбол на градот Струга, препознатлив и за граѓаните и за бројните туристи, потенцира Божиновски.

Во наредниот период ќе се изготви основен проект за автоматска контрола на испустот и далечинско управување со нивото на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, со цел да се обезбеди поефикасна и еколошки одржлива регулација. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

 

Post navigation

Previous Во Охрид се запишани 52.580 гласачи за локалните избори, ќе се гласа на 87 избирачки места
Next Боксерите Наум и Христијан Стојаноски освија бронза на Балканско првенство во Босна и Херцеговина

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.