Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во тек се работни активности за поставување на нова опрема во пумпната станица „Метропол“

Во тек се работни активности за поставување на нова опрема во пумпната станица „Метропол“

Во тек се работни активности за поставување на нова опрема во пумпната станица „Метропол“

Охрид, 26. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Во тек се работни активности за поставување на нова опрема во пумпната станица „Метропол“, информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Во рамки на проектот се врши целосна замена на двете вертикални турбински пумпи кои датираат од 1988 година. Се поставуваат нови поекономични и автоматизирани пумпни агрегати, со цел обезбедување непрекинато водоснабдување на градот Охрид и околните населени места.

– Проектот предвидува и целосна промена на постојното напојување на пумпните агрегати со ново електрично напојување, како и целосна замена на електричната инсталација. Предвидени се и градежни зафати за санација на подните, ѕидните и таванските површини, заедно со замената на столаријата во просторијата на пумпната станица. Со реализацијата на овој проект ќе се намалат трошоците за електрична енергија на ЈП „Водовод“, што претставуваат најголем финансиски товар на претпријатието, особено во последните три години по отпочнувањето на енергетската криза, стои во објавата на Фејсбук страната на градоначалникот.

Вредноста на проектот изнесува околу 38 милиони денари, а средствата ги обезбеди Општина Охрид, преку првиот Јавен повик за финанисирање на проекти од Министерството за локална самоуправа. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Одлични резултати на охридските стрелци на четвртиот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
Next Апел за помош на семејство од Подмолје чиј дом целосно изгоре во пожар

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.