Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Два сребрени и еден бронзен медал од „Плевен Опен 2025″ за младите теквондисти од МТТФ

Два сребрени и еден бронзен медал од „Плевен Опен 2025″ за младите теквондисти од МТТФ

1 min read
Два сребрени и еден бронзен медал од „Плевен Опен 2025″ за младите теквондисти од МТТФ

Охрид, 4. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Два сребрени и еден бронзен медал освоија младите натпреварувачи од Македонската традиционална таеквон-до федерација на Меѓународниот таеквон-до ИТФ натпревар, за деца до 14 години „Плевен Опен 2025“.

Боите на федерацијата ги бранеа пет натпреварувачи, еден од клубот „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец и четворица од „Сонкал” Мислешево, а беа предводени од претседателот Марјанчо Лазаревски.

Се натпреваруваа само во една дисциплина во спаринг/борби, а и покрај силната конкуренција, постигнаа одличен успех.

– Огромно задоволство ми е кога ќе видам како нашите млади натпреварувачи стануваат  борци и уште од мали нозе даваат сѐ од себе за да освојат медал од  вакви квалитетни  натпревари, пред сѐ покажувајќи храброст и пожртвуваност  од мали нозе, достојно претставувајќ и ги боите на Македонија. Исто така ме радува што имаме млади генерации кои ветуваат светла иднина за нашиот спорт и кои се пример за нивните генерации како треба достојно да се претставува нашата државата. Огромна благодарност до генералниот спонзор ПН Метал, Општината Охрид и Министерството за Спорт што го подржуваат нашиот спорт и нѐ потикнуваат за нови успеси, потенцира Лазаревски.

Осовјувачи на медали се:

– Христијан Шибакоски
сребрен медал спаринг/борби – 40 кг , кадети 12 – 13 години, член на Таеквон-до клуб „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид

– Кристијан Гагалески
сребрен медал спаринг/борби – 30 кг , кадети 10 -11 години, член на Таеквон-до клуб „Сонкал” Мислешево-Струга

– Теодор Ѓорески
бронзен медал спаринг/борби – 40 кг , кадети 10 – 11 години, член на Таеквон-до клуб „Сонкал” Мислешево-Струга. (Крај)

извор: ИнПрес фото: МТТФ

Post navigation

Previous Во четврток започнува одбележувањето на 81 година од ослободувањето на Охрид
Next Во сабота ќе се одржи хуманитарниот планинарски марш во спомен на Трајан Целески-Тачо

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.