Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Деветта иницијатива на ИПА Охрид за изградба на велосипедски патеки во охридско-струшкиот регион

Деветта иницијатива на ИПА Охрид за изградба на велосипедски патеки во охридско-струшкиот регион

1 min read
Деветта иницијатива на ИПА Охрид за изградба на велосипедски патеки во охридско-струшкиот регион

Охрид, 16. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Вкупно 178 велосипедисти рекреативци од Охрид, Струга, Скопје, Ресен, Тетово, Гостивар и Херцег Нови-Црна Гора, викендов во Охрид, учествуваа на спортскиот ИПА вело викенд „На точак, Охрид и Струга да видам“ и по деветти пат, ја возеа вело турата Охрид-Струга-Радожда.

ИПА Охрид со бројната ИПА вело армија, уште еднаш упати силна порака до надлежните на локално и централно ниво, конечно и сериозно да пристапат кон проект за велосипедско поврзување на двата крајезерски града-Охрид и Струга но и од Охрид до Свети Стефан, со современо сообраќајно уредена, функционална и безбедна велосипедска патека.

– Идејата ја започнавме пред 9 години како 14 члена група велосипедисти, низ годините бројката учесници постојано растеше за да денеска, имаме бројка од 178 велосипедисти-вљубеници во велосипедизмот од 7 до 77 години кои, „во еден здив“, по небезбедниот „стар пат“ преполн со автомобили, камиони, автобуси, покрај атрактивното езерско крајбрежје, извозија од Охрид до Радожда и назад до Охрид. Сигурни сме дека има илјадници граѓани-вљубеници во велосипедизмот кои би ја подржале ИПА иницијативата за вело поврзување на двата крајезерски града-идеални места за велосипедизам и вело конекцијата Охрид-Струга и Охрид-Св.Стефан, да станат реалност. Охрид и Струга како туристички центри во Македонија, треба многу повеќе да направат за ширење на мрежата велосипедски патеки што силно ќе ги подигне на балканските и светските вело туристичките мапи, ќе се збогати туристичката понуда, ќе се привлечат многу повеќе туристи од Македонија и светот што, ќе има огромен економски бенефит за охриѓани, стружани, за хотелско-туристичките и угостителски работници, за рент а бајк агенциите и сл, велат од ИПА Охрид.

Додаваат дека во време кога во светот се градат велосипедски автопати, тие прават обид плус за промовирање на крајезерскиот регион, како атрактивна туристичка вело дестинација што ќе биде причина повеќе за зголемен број туристи на ривиерата.

– Крајно време е, живописните пејсажи на охридско-струшка ривиера и природните убавини на Охрид и Струга, да бидат видени и од точак, вело авантурата да биде незаборавна и преполна со насмевки и емоции предизвикани од езерскиот ветар, а среќата и широката насмевка, да ја исполнат душата дека еден, не така далечен ден, безбедно ќе возиме точак по велосипедски патеки по светски стандарди , а не, покрај автомобили, автобуси и камиони, ставајќи се во сериозна и опасна ситуација како ранлива категорија учесници во сообраќајот. Возењето велосипед е љубов, спорт, потреба, рекреација, незаборавна авантура и неповторливо доживување, потенцираат од ИПА Охрид.

Отааму упатија благодарност до сите учесници, до сообраќајната полиција при СВР Охрид и до Црвениот крст Охрид, за грижата околу безбедноста на турата и се надеваат дека во пресрет на јубилејната 10 годишнина од ИПА вело иницијативата, во 2026 ќе се радуваме на прекрасна крајезерска вело патека. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИПА Охрид

Post navigation

Previous Успешно издание на Меѓународниот турнир во кошарка „Охрид 2025“
Next Започнуваат Петровденските (Апостолски) пости

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.