Започна чествувањето по повод 120 години од херојската погибија на Христо Узунов
April 22, 2025

Охрид, 22. април 2025 (ИНПРЕС) – Започнаа свеченостите по повод јубилејот – 120 години од херојската погибија на Христо Узунов, во организација на Општина Охрид и ОУ „Христо Узунов“.

Положено е цвеќе пред спомен бистата на Узунов во училиштниот двор.

Свечената академија по повод јубилејот е утре од 12:00 часот, во спомен – куќата на Христо Узунов. Ќе биде промовиран драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ од Зоран Пејкоски. Во рамки на културно – уметничката прогама ќе настапи градскиот хор „Вокс Лихнидос“, драмска изведба на сцени од „Света саможртва за Македонија“ и настап на солистот Ѓоко Чеменкоски.
Вечерта од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечената програма по повод патронатот на ОУ „Христо Узунов“.

Во четврток, 24-ти април, пред спомен бистата на Узунов во градскиот парк ќе биде положено цвеќе, а од 11:00 часот во селото Цер, Кичево, ќе се одржи панихида и полагање цвеќе на неговиот гроб. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива