Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ИЈЗ: Минатата недела пријавени 94 нови случаи на грип, во Охрид не се регистрирани заболени

ИЈЗ: Минатата недела пријавени 94 нови случаи на грип, во Охрид не се регистрирани заболени

1 min read

Охрид, 10. ноември 2025 (ИНПРЕС) – За една недела, во периодот од 27-ми октомври до 2-ри ноември во Република Македонија се пријавени 94 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 67,9% повеќе во споредба со минатата недела се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од нив 70 лица се на возраст од 15-64 години, 17 лица на возраст над 65 години, 6 деца на возраст од 5-14 години и еден случај на возраст од 0-4 години.

– Заболените лица оваа недела се регистрирани во Гостивар -27, Куманово – 26, Штип – 15, Битола – 7, Неготино и Македонски брод по 4, Тетово и Струмица по 3, Скопје и Радовиш по 2 и еден во Кавадарци. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, стои во извештајот.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 338. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 73,3%.

Од 16-ти октомври започна да се спроведува бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи граѓани, а интересот е голем. Досега на ниво на Република Македонија со бесплатна вакцина се имунизирани вкупно 52.652 лица од ризичните категории. Покрај тоа набавени се и 2.400 дози комерцијални вакцини за останатото население и досега се имунизирани 462 лица.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето на дел од улица „Гоце Делчев“
Next Стружанецот Ердал Лушо ја започна трката „Светски предизвик на Атлантикот“, ќе едри од Португалија до Карибите

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.