Охрид, 13. март (ИНПРЕС) – Утре во Охрид гостува Лилјана Стоилковска со перформансот на монодрамата „Љуба“ од познатата македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова.
Стоилковска е позната поранешна спикерка од МРТВ, актерка, пејач и писателка, член на Друштво на писатели на Македонија. Вели дека со премиерата на монодрамата во Скопје, а сега и со изведбите низ цела држава го исполнува аманетот од авторката Мисиркова – Руменова. Сценариото и режијата се на Стоилковска, а реч за писателката ќе одржи д-р Васил Тоциновски.
Настанот ќе се одржи во голамата сала на Општина Охрид со почеток во 12:00 часот, а влезот е бесплатен. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







