Лице од Скопје со возило удри и тешко повреди малолетен пешак од Охрид
July 31, 2025

Охрид, 31. јули 2025 (ИНПРЕС) – На 30-ти јули 2025 во 21:05 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „даихатсу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(69) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид фото: архива