Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид го распиша конкурсот за најдобра беседа

НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид го распиша конкурсот за најдобра беседа

1 min read
НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид го распиша конкурсот за најдобра беседа

Охрид, 1. декември 2025 (ИНПРЕС) – Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2026 година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распиша Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на големиот поет и преродбеник Прличев на тема: „По песната птиците се разликуваат“.

Тоа е една од мислите која Прличев често ја употребувал во своите беседи пред охриѓани.

Со конкурсот што се распишува четврта година по ред библиотеката сака  да го поттикне творештвото на младите луѓе да пишуваат креативно и да го збогатат својот израз. На конкурсот можат да се пријават млади автори од 15 до 35 годишна возраст од Република Македонија.

– Беседата не смее да биде поголема од 3000 зборови и треба да е напишана во фонтот ariel 12, не смее да содржи  политичка, етничка и верска содржина, туку треба да носи универзална порака за мир, љубов, соработка и претходно да не е публикувана. Комисијата ќе ја оценува нивната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина. Беседите до комисијата се испраќаат исклучиво под шифра на следната електронска адреса: rodnokrajniavtori@gmail.com најдоцна до 11 јануари 2026 година, соопштија од библиотеката.

На авторот на најдобрата беседа ќе му биде доделена парична награда од 9.000 денари и признание со ликот на Прличев, а ќе му бидат врачени на манифестацијата „Прличеви беседи“ во  февруари 2026 во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

Шифрата на наградената беседа ќе биде објавена најдоцна до 23 јануари, 2026 на веб страницата на Библиотеката и преку медиумите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охрид и годинава достојно ќе го одбележи празникот Св. Климент Охридски – Патрон на градот
Next Месецов четири детски претстави во рамки на проектот Културата расте со децата „За сите деца“

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.