Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Напаѓачите на Христијан Пендиков добија по 8 месеци затвор

Напаѓачите на Христијан Пендиков добија по 8 месеци затвор

Охрид, 6. март 2025 (ИНПРЕС) – Двајцата обвинети за претепувањето на Христијан Пендиков – Илија Спасески и Борче Ангелов, од Основниот суд во Охрид се осудени на по 8 месеци ефективна казна затвор за нанесување тешка телесна повреда, но судот смета дека мотивот „омраза“ не е докажан, изјави адвокатот на Пендиков за БТА.

Пресудата е донесена по нешто повеќе од две години откако беше закажано првото рочиште за случајот – тепачката што се случи во вечерните часови на 19 јануари 2023 година пред ресторан во Охрид.

Секретарот на веќе поранешното бугарско здружение во Охрид, „Цар Борис Трети“ бил нападнат и завршил со два напукнати пршлени, скршена вилица, испукани ребра и три скршени заби.

Тој беше донесен со претседателски авион на лекување на Воената медицинска академија во Софија, а случајот прерасна во политички скандал и предизвика нови тензии помеѓу Македонија и Бугарија. По неговото лекување во Бугарија, Пендиков доби и бугарско државјанство, кое му беше свечено врачено од страна на бугарскиот политички врв.

Пендиков тврдеше дека бил нападнат поради тоа што се чувствувал како Бугарин, додека одбраната го оспоруваше мотивот. (Крај)

извор: Канал 5 фото: архива

Post navigation

Previous Утре ќе се избираат 47 обвинители, во Охрид тројца, во Струга еден
Next Осмомартовска кампања на „Збогум Буково“ за садење 100 дрва во Охрид

Слични вести

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.