Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Новата песна „Ведро е“ на Тамара Волческа посветена на нејзиниот внук

Новата песна „Ведро е“ на Тамара Волческа посветена на нејзиниот внук

1 min read
Новата песна „Ведро е“ на Тамара Волческа посветена на нејзиниот внук

Скопје, 31. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Нова свежина и позитивна енергија на македонската музичка сцена донесе Тамара Волческа со најновиот сингл „Ведро е“ песна што зрачи со топлина, искреност и љубов.

Авторскиот тим е проверена формула на успех, текстот е дело на Весна Малинова, чиј поетски ракопис носи топлина и вистински човечки допир, додека музиката и аранжманот ги потпишува Дарко Тасев, со препознатливи мелодиски линии и современ звук што совршено ја следи емоцијата на Тамара.

– Беше љубов на прво слушање, Не претпоставував дека токму оваа песна ќе ја најде својата светлина и ќе оживее на 40-то јубилејно издание на Макфест. Тоа беше момент на чиста магија, раскажува Волческа.

Иако јавноста ја познава по силните, емотивни и биографски песни со длабоки пораки, Тамара овојпат избра да ја покаже својата нежна, љубовна и ведра страна. „Ведро е“ е животна филозофија и порака дека светлината секогаш постои, само треба да ја погледнеме.

– Сакав да им ја пренесам на луѓето мојата искрена радост, онаа чиста љубов која не бара ништо, само се дава. И во моментот кога ја снимав песната, почувствував дека ова сум вистински јас,  вели Тамара.

Во видео записот за „Ведро е“, снимен во природно и топло светло, Тамара го прикажува најчистиот облик на љубовта: оној помеѓу тетка и внук. Приказната ја слави безрезервната љубов и семејната блискост, каде секој поглед и насмевка има своја тежина и симболика. На крајот од видеото, стои посвета: „За едно срце што тивко бие, за наскоро најгласно да се смее.“

Па додава: „Ако носам толку голема љубов за моите внуци, не можам ни да замислам колку ќе си го сакам своето дете.“

Публиката на „Макфест“ ја награди Тамара со аплауз и емоција, препознавајќи дека „Ведро е“ не е само уште една песна, туку вистинска порака за љубов, живот и благодарност. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous „Збогум Буково“ во подготовка на охридските училишта за селекција на отпад
Next ИЈЗ: Минатата недела пријавени 56 нови случаи на грип, во Охрид не се регистрирани заболени

Слични вести

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.