Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од јануари до јуни од аеродоромот „Св. Апостол Павле“ се превезени 103.792 патници

Од јануари до јуни од аеродоромот „Св. Апостол Павле“ се превезени 103.792 патници

1 min read
Од јануари до јуни од аеродоромот „Св. Апостол Павле“ се превезени 103.792 патници

Аеродром Охрид „Св. Апостол Павле“

Охрид, 25. јули 2025 (ИНПРЕС) – Над 1,5 милиони патници (1.529.451) опслужиле двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид во првите шест месеци годинава, при што порастот во однос на истиот период лани е 5 отсто, соопшти ТАВ Македонија.

Во истиот период, бројот на летови е зголемен за 3 проценти, или македонските аеродроми опслужиле вкупно 12.235 летови од јануари до јуни.

– Задоволни сме што во првите шест месеци годинава бележиме стабилен пораст на патничкиот сообраќај за што придонесоа 8-те нови редовни авиолинии кои ги отворивме од почетокот на 2025 година досега од скопскиот и охридскиот аеродром, во соработка со авиокомпаниите и Владата како наш партнер. Амстердам (Transavia), Париз-Орли (easyJet), Лион (Wizz Air), Барселона (Wizz Air), Анкара (Ajet), Чукурова (Ajet) и Дијарбакир (Ajet) од Скопје и Истанбул (Turkish Airlines) од Охрид. Покрај редовните и сезонските авиолинии, кон порастот придонесоа и до крајот на годинава ќе продолжат да придонесуваат и чартер-линиите на Фрибрд (Freebird) кои носат туристи од 13 европски градови. Како раководство на ТАВ Македонија, продолжуваме да работиме на отворање нови авиолинии и привлекување нови авиокомпании со цел да почнат да летаат од македонско тло, за да создадеме повеќе разновидни можности за патување за нашите граѓани, како и за граѓните од соседството. Врз основа на барањата на патниците, целиме кон туристички дестинации на шпанското и италијанското крајбрежје, како и европски престолнини важни за нашите економски, дипломатски и културни врски со земјите на поврзување, вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Потенцира дека ТАВ Македонија очекува стабилниот пораст на патничкиот сообраќај да продолжи и до крајот од годината, а специјален позитивен стимул кој ќе придонесе кон годишните бројки на кумулативен авиосообраќај секако ќе има летниот период. Во оваа насока, како што истакнува Курт, само во јуни скопскиот и охридскиот аеродром имале за 12% повеќе патници (324.285) во однос на истиот период во 2024 година.

Полугодишните статистички податоци на ТАВ Македонија покажуваат дека во првите шест месеци најфрекфентна дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје е Истанбул (двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 17,1% пазарен удел), а потоа следат Базел Милуз (6,6%), Франкфурт (5,7%), Цирих (5%) и Минхен-Меминген (4,6%), Дортмунд (4,5%) и Виена (3,9%).

Топ-пет земји до кои има најмногу директни летови се Германија (26,5% пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Турција (22,6%), Швајцарија (11,6%), Италија (5,4%) и Шведска (4,2%).

Ако се разгледуваат бројките за Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ одделно, скопскиот аеродром има годишен пораст за 4,47% и во првите шест месеци годинава преку него се превезени вкупно 1,423,039 патници, додека Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид бележи двоцифрен пораст од високи 10,9% со превезени 103.792 од јануари до јуни. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес 

Post navigation

Previous „Искуства – приказ на случаеви од спортски повреди“ – шеста книга на примариус д-р. Оливер Бојчески
Next Жан Митрев клиника континуирано општествено одговорна институција: Силна поддршка и за слепите и слабовидните лица

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.