Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Општина Охрид лани одвоила 322 609 556 денари за јавни набавки

Општина Охрид лани одвоила 322 609 556 денари за јавни набавки

1 min read
Општина Охрид лани одвоила 322 609 556 денари за јавни набавки

Охрид/Скопје, 11. август 2025 (ИНПРЕС) – Општина Охрид минатата 2024 година одвоила 322 609 556 денари за јавни набавки, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

За 115-те јавни набавки биле издвоени 19,5% од вкупниот општински буџет. Најголем дел од јавните набавки биле за работи, а мал дел и за услуги и стоки. Истражувањето покажува дека повеќе од половина од спроведените јавни набавки ги реализирале две фирми.

Во однос на 2023 година, вредноста на јавните набавки е зголемена за над 153 илјади денари.

Лани, 80-те Општини и Градот Скопје склучиле вкупно 4.005 договори за јавни набавки во вредност од 11,7 милијарди денари или 190 милиони евра. На прво место по потрошени пари на јавни набавки е Општина Гази Баба, а Општина Охрид е десетта на листата. Општина со најмногу јавни набавки, 233, е Битола, а со најмалку, 9, Општина Зелениково.

Според истражувањето кај половина од општините, третина од спроведените јавни набавки во 2024 година ги реализирала само една фирма. Воочувањето концентрација на една фирма во јавните набавки на одделните општини е и една од главните придобивки на оваа база на податоци за јавните набавки на општините бидејќи овозможува јасен и визуелен приказ на состојбите. Од Центарот велат дека целта на овој податок е да ги алармира локалните власти да преземат активности во насока на стимулирање на конкуренцијата, како и, по можност, поделба на тендерите на делови наспроти нивно окрупнување. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Утре и во четврток полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија
Next Охрид во јуни го посетиле 29.919 странски туристи, најмногу од Турција, Србија, Германија и Холандија

Слични вести

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните
1 min read

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро
1 min read

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.