Скопје, 26. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Секој петок, почнувајќи од 4-ти јули граѓаните ќе може да закажат 15-минутна средба со министерот за здравство Азир Алиу, преку апликацијата „Отворен кабинет“ на веб страницата на Министерството за здравство (www.zdravstvo.gov.mk).

– Овој временски период ќе биде резервиран од министерот Алиу за директни средби со граѓани, пациенти, здруженија на болни, здравствени работници и други заинтересирани страни. Средбите се одржуваат во просториите на Министерството за здравство. Со ова здравство ќе биде поблиску до граѓаните, поорганизирано, потранспарентно и технички поврзано, соопштија од министерството.
Термините за средби се од 10:00 до 15:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
