Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридскиот композитор Гоце Гавриловски освои втора награда на престижен меѓународен натпревар во Атланта, САД

Охридскиот композитор Гоце Гавриловски освои втора награда на престижен меѓународен натпревар во Атланта, САД

1 min read
Охридскиот композитор Гоце Гавриловски освои втора награда на престижен меѓународен натпревар во Атланта, САД

Охрид, 22. јули 2025 (ИНПРЕС) – Познатиот охридски композитор Гоце Гавриловски и годинава се врати со награда од Интернационален натпревар што неодамна се одржа во Атланта, САД.

Во конкуренција на композитори од над 25 земји, Гавриловски освои втора награда, со делото „Ремикс”, за симфониски оркестар.

Овој значаен успех ќе биде одбележан на 31-ви август во Њујорк, каде ќе се бидат доделени и наградите од минатогодишниот натпревар, на кој Гавриловски освои втора награда за хорското дело „Бум та ка бум”, како и освоената прва награда со почести, за делото „Dance & Toccatina”, кое на концертот за наградени ќе го изведе младиот и надежен пијанист Александар Гавриловски.

Гоце Гавриловски досега учествувал на повеќе меѓународни семинари, фестивали и конференции по композиција и филмска музика во Македонија и странство, кај бројни реномирани светски композитори, како: А. Шчетински, Е. Годибер, А. Радвиловиќ, Џ. Вулрич, К. Швон, Ф.Сархан, Џ. Темпл, И. Курц, Р. Фебел и други.

Како автор е инспириран од македонскиот музички јазик и нашата богата фолклорна традиција, посебно од вокалната.

Неговото имe стои зад бројни солистички, вокални, камерни, хорски, вокално – инструментални и оркестарски композиции, а за дел од нив е добитник на домашни и меѓународни награди. Токму награденото хорскот дело „Бум та ка бум” во Ниш, Република Србија и во Охрид го изведе охридскиот градски мешан хор Vox Lychnidos, со кој соработува долги години, предводен од диригентот м-р Бурим Хидри и за кое токму во Ниш освоија Повелба за негување и унапредување на македонската хорска музика.

Гавриловски моментално работи како редовен професор на музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Време е филмови под ѕвездите во Охрид, утре започнува 8. Beach Film Festival
Next Вечерва започнува 8. Beach Film Festival

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.