Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридскиот уметник Сашо Блажес во Охрид ќе ја претстави изложбата „Нурни во мене“

Охридскиот уметник Сашо Блажес во Охрид ќе ја претстави изложбата „Нурни во мене“

1 min read
Охридскиот уметник Сашо Блажес во Охрид ќе ја претстави изложбата „Нурни во мене“

Охрид, 30. јули 2025 (ИНПРЕС) – После осум години, во петок, 1-ви август во Галеријата Робевци ќе биде отворена самостојната изложба насловена „Нурни во мене“ на познатиот охридски уметник Сашо Блажес.

После самостојните излагања во Париз и Венеција минатата година како и во и Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба што дел беше претставена во Музеј на град Скопје.

Изложбата „Нурни во мене“ е поделена на три дела: четириаголници, дела на церада и метален волумен. Критички осврт и текст за изложбата имаат напишано Камило Ракана, куратор од Париз и Маја Чанкуловска.

Отворањето на изложбата е во 20:00 часот.

Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија, како еден од најдобрите студенти во својата генерација. За време на магистерските студии (2006-2008) бил вклучен од катедрата за графика во изготвувањето на неколку универзитески трудови од областа на графиката и графичките техники на Универзитетот. Зад себе има реализирано шестнаесет самостојни изложби во Македонија и во странство, а има учествувано на бројни групни изложби во Австрија, Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија, Бугарија.
Негови дела се наоѓаат во приватни колекции во Норвешка, Франција, Германија ,Романија и Австрија. Неговиот интерес во уметноста е насочен кон графиката и сликарството, фотографијата, музиката и кураторството. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ во петок во Охрид и Струга
Next Во вторник ќе се одржи 60. седница на Градскиот совет

Слични вести

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид
1 min read

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји
1 min read

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји

Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.