Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридското Езеро и понатаму под просечното месечно ниво, денес е на кота од 693,18 м.н.в

Охридското Езеро и понатаму под просечното месечно ниво, денес е на кота од 693,18 м.н.в

Охридското Езеро и понатаму под просечното месечно ниво, денес е на кота од 693,18 м.н.в

Охрид, 6. октомври 2025 (ИНПРЕС) – По минималниот раст на езерскиот водостој повтрорно се бележи негово намалување, а и понатаму е под просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) нивото е на кота од 693,18 м.н.в што е за 13 сантиметри под просекот за октомври (693,31 м.н.в) и само 8 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 17 степени и е за 0,3 степени повисока од просечната за овој месец во годината.

Врнежите од дожд изминатите денови минимално ја подобрија хидролошката состојба на езерото, нивото порасна за два сантиметри, но сега повторно се бележи пад.

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Од полноќ намалување на цените на горивата
Next Младата Марија Спасовска ја промовира најновата тема „Забрането“

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.