Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид во април го посетиле 19 936 странски туристи, најмногу од Турција, Германија и Србија

Охрид во април го посетиле 19 936 странски туристи, најмногу од Турција, Германија и Србија

1 min read
Охрид во април го посетиле 19 936 странски туристи, најмногу од Турција, Германија и Србија

Охрид, 12. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Во текот на месец април Охрид го посетиле вкупно 27.920 туристи, од кои 7.984 биле домашни, а 19.936 се странски.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 48.592. Во однос на структурата на странските туристи најмногубројни биле Турците 4.558, следуваат гостите од Германија 2.825, Србија 2.101 и Франција 1.745.

На ниво на Република Македонија во април ја посетиле вкупно 96.943 туристи, од кои 20.705 биле домашни, а 76.238 странски. Биле остварени вкупно 171.886 ноќевања.

Во периодот јануари-април 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 13.4 %, кај домашните туристи има намалување за 4.2 %, а кај странските има зголемување за 21.6 %. Во периодот јануари-април 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 10.5 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.7 %, а кај странските има зголемување за 19.8 %. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous „Препад на пловен објект и командно место“ – заедничка вежба на вооружените сили на Македонија и Унгарија (Фото)
Next Синодот на МПЦ-ОА денеска го избира наследникот на владиката Тимотеј

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.