Пет медали за веслачите од „Горица Ремо“ на Struga Open Ergo 2025
November 17, 2025

Охрид, 17. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Пет медали освоија веслачите од „Горица Ремо“ од Охрид на традиционалната трка во ергометри (веслачки машини) „Struga Open Ergo 2025“.

Александра Маленкоска освои злато во сениорки, Изабела Димоска сребрен медал во сениорки, Марија Божиноски во пионерки до 13 години освои сребрен медал, Ана Ничевска во пионерки до 15 години се закити со бронза, а Кирил Лучески дојде до сребрен медал во сениори.

Андреј Крстески, имаше успешен настап во квалификациите, иако не освои медал, сепак покажа извондредна физичка подготовка, и добар показател за Државното првенство следниот месец.

Овој натпревар, кој бара максимална сила, техника и издржливост на ергометрите за веслање, ја потврди посветеноста на охридските веслачи и дава инпут за следиот предизвик во декември кога ќе се оддржи Државното првество во ергометри, со што ќе биде заокружена успешната година за веслачкиот клуб „Горица Ремо“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива