Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Последна недела кампања за локалните избори

Последна недела кампања за локалните избори

1 min read
Последна недела кампања за локалните избори

Охрид, 13. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Последна недела кампања за локалните избори, активностите се интензивираат.

Кандидатите за градоначалник, но и оние кои претендираат да седнат во советничкото столче постојано и на повеќе начини ги соопштуваат ставовите и плановите за поубав и поуспешен Охрид пред граѓаните. Од врата на врата, спотови преку медиуми и социјалните мрежи, средби со граѓаните, трибини, митинзи… Ова се главните и веќе видени начини на кои се испраќаат пораките до охриѓани. Ветувањата се дека ќе се добие подобра инфраструктура, подобри услови за работа и учење, повисок стандард и развој на туризмот во градот.

Осмите локални избори ќе се одржат на 19-ти октомври, Кампањата официјално завршува на 17-ти октомври на полноќ, по што следува изборниот молк. Вториот круг е закажан за 2 ноември.

Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список во Македонија за локалните избори 2025 година изнесува 1 832 415 избирачи. Од овие избирачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1 717 803 избирачи, додека 112 000 избирачи се запишани во посебниот Избирачки список за лица на привремена работа или престој во странство, 2 162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица. На овие избори не се спроведува гласање во дијаспората. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Фестивалот „Макфест“ слави 40 години, ќе се одржи од 23-ти до 25-ти октомври
Next За гласање на локалните избори во Охрид се пријавени 230 болни и изнемоштени лица

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.