Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Почина оперската примадона Милка Ефтимова

Почина оперската примадона Милка Ефтимова

1 min read
Почина оперската примадона Милка Ефтимова

Скопје, 13. август 2025 (ИНПРЕС) – На 89-годишна возраст почина оперската примадона Милка Ефтимова, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот.

Во својата долготрајна, богата и плодна кариера, таа отпеа 40 оперски улоги, како и многубројни партии во ораторијални дела и соло изведби, застанувајќи повеќе од 1.200 пати на оперската и на концертната сцена, во дваесетина земји низ светот.

Со извонредна музикалност и изразито чувство за артизам, таа ги креираше Орфеј во „Орфеј и Евридика“, Ацучена во „Трубадур“, Еболи во „Дон Карлос“, Сузуки во „Мадам Батерфлај“, Марфа во „Хованшчина“, Урлика во „Бал под маски“ и многу други, а најголем печат остави во насловната улога на „Кармен“. Од оперската сцена јубилејно се прости токму со Кармен на 6 ноември 1991 година.

Милка Ефтимова е родена во Радовиш на 26 февруари во 1936. Завршила средно музичко училиште во Штип, музичка академија во Љубљана.

Милка Ефтимова беше редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, наставник на Музичко-балетскиот училиштен центар во Скопје и Средното музичко училиште во Штип. Во нејзината богата оперска кариера одликувана е со наградите: „11 Октомври“ (1985), „Св. Климент Охридски“ (2001), „Мајка Тереза“ (2009), како и Орден за заслуги на Република Македонија (2022).

Ефтимова последните години од животот ги поминала во дом за стари лица во Скопје. За последниот роденден во февруари годинава, оперската пејачка Весна Ѓиновска-Илкова со уште неколку блиски на Ефтимова ја изненадиле со торта во Домот.

Погребот ќе се изврши во сабота, 16-ти август, во 11:00 часот на гробиштата во Радовиш. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Post navigation

Previous Ивона Јо објави нова песна – „Молитва“ интимна исповед претворена во моќен музички манифест
Next Влезот за двете фестивалски вечери на „Охрид фест – Охридски трубадури“ ќе биде слободен

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.