Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Презентација на прирачник и онлајн курсеви за наставници и тренери „Улогата на образованието и наставниците во решавање на проблемите на животната средина“

Презентација на прирачник и онлајн курсеви за наставници и тренери „Улогата на образованието и наставниците во решавање на проблемите на животната средина“

1 min read
Презентација на прирачник и онлајн курсеви за наставници и тренери „Улогата на образованието и наставниците во решавање на проблемите на животната средина“

Охрид, 10. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Академијата за роботика и иновации утре во Охрид ќе ја одржи финалната презентација на едукативниот прирачник и онлајн курсеви за наставници и тренери „Улогата на образованието и наставниците во решавање на проблемите на животната средина“.

Овој прирачник, создаден како дел од Еразмус+ проектот „No other world“ е наменет за наставници од основни и средни училишта и служи како практична алатка за интегрирање на еколошки теми во наставата.

– Заедно со печатениот прирачник, подготвени се онлајн курсеви со визуелно атрактивни слајдови, говори за предавање и веднаш применливи активности кои им помагаат на наставниците да ги пренесат овие важни теми на учениците – интерактивно, креативно и без потреба од дополнителна подготовка. Онлајн курсевите ги покриваат клучните аспекти од еколошкото образование. Главниот фокус на нашиот проект беа глобалните еколошки проблеми, предлог на практични решенија и нивна реализација, преку вметнување во образовниот процес. Сметаме дека ова е универзален проблем и треба да се реши во соработка со повеќе институции ширум светот, информираат организаторите.

Прирачникот и курсевите се создадени од наставници – за наставници, со цел да поттикнат генерации млади луѓе кои ќе се грижат, разбираат и делуваат во заштита на природата.

Презентацијата ќе се одржи во хотелот „Охридати Палас“ со почеток во 11:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Од 14-ти до 17-ти јуни прво пријавување за упис во средните училишта, во Охрид може да се запишат 783 полуматуранти
Next „Заборавениот звук на Садило“ – во четврток концерт во спомен на Климе Садило

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.