Прекин во водоснабдувањето во Стар град и дел од населбата Св.Стефан
August 27, 2025

Охрид, 27. август 2025 (ИНПРЕС) – Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес има прекин во водоснабдувањето во Стар град и дел од населбата Св.Стефан.

Жителите на стариот дел на градот без вода ќе бидат до 13:00, а неколку часа ќе трае прекинот во населбата Св.Стефан.

Екипи на ЈП „Водовод“ Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива