Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Продолжен јавниот повик за ангажирање невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина

Продолжен јавниот повик за ангажирање невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина

1 min read
Продолжен јавниот повик за ангажирање невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина

Охрид, 18. јули 2025 (ИНПРЕС) – Продолжен е рокот за аплицирање по јавниот повик за ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина.

Од охридскиот Центар за вработување за Супер радио и InPress информираа дека досега се пријавени 14 лица од Охрид.

Повикот предвидува работно ангажирање на 10 невработени лица, а новиот краен рок за пријавување е 23-ти јули.

Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период до најмногу 5 (пет) месеци. За кандидатите што ќе бидат избрани и работно ангажирани се предвидува да им биде исплатен месечен износ од 24.000 денари со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход.

Изборот на кандидати ќе го спроведе општината во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Противпожарен сојуз на Македонија. Кандидатите се должни да учествуваат на обука организирана од Противпожарниот сојуз на Македонија за користење противпожарна опрема и стекнување на вештини за справување и превенција од пожари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Досега 14 невработени лица во Охрид се пријавиле да бидат ангажирани како пожарникари
Next Празникот Св. Недела ќе се одбележи во истоимената црква во село Скребатно

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.