Охрид, 27. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Продолжува негативниот природен прираст во Охрид.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика во месеците јули, август и септември се родиле 98, а починале 154 лица, односно се бележи прираст од -56.
И соседната општина Дебрца бележи негативен прираст, се родиле 4, а починале 20 лица. Во Струга во третиор квартал исто така се бележи негативен прираст, иако минимален, се родиле 122, а починале 124 лица.
Што се однесува до бројот на склучени бракови, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 128 двојки, а имало и 21 развод. Во Струга во анализираниот период се склучиле 138 бракови, а евидентирани се 15 разводи. Во Дебрца не се евидентирани склучени бракови и разводи.
На државно ниво во третиот квартал од оваа година имало 4.431 живородени деца, а починале 4.849 лица, со што се бележи негативен прираст од – 418. Во анализираниот период се склучени 3.514 бракови и нивниот број е намален за 2.8 % во споредба со истиот период од 2024 година, а регистрирани се 470 разведени бракови, што претставува зголемување од 27.7 % во споредба со истиот период од 2024 година. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







