Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Со бесплатна вакцина против грип во ЦЈЗ Охрид досега се имунизирани 3.005 лица, комерцијалните вакцини се очекуваат деновиве

Со бесплатна вакцина против грип во ЦЈЗ Охрид досега се имунизирани 3.005 лица, комерцијалните вакцини се очекуваат деновиве

1 min read
Со бесплатна вакцина против грип во ЦЈЗ Охрид досега се имунизирани 3.005 лица, комерцијалните вакцини се очекуваат деновиве

Охрид, 4. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Во охридскиот Центар за јавно здравје продолжува бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи граѓани за што има голем интерес.

Од 16-ти октомври кога започна имунизацијата на оваа група граѓани досега се дадени 3.005 вакцини, информира за Супер радио и InPress специјалист епидемиолог д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.

– Најмногу се вакцинираат лица на возраст над 65 години и лица со хронични заболувања што беше и очекувано. Годинава споредено со лани има околу 200 лица повеќе пријавени. Секоја година Охрид има голем интерес за вакцинација против сезонскиот грип, потенцира д-р. Стурлакова Коровешоска.

Покрај имунизацијата на ризичните групи граѓани се очекува деновиве да започне вакцинација и на останатите граѓани со комерцијални вакцини. Цената ќе биде 700 денари, а за примање не е потребно претходно закажување.

Досега во општините што ги покрива охрискиот Центар за јавно здравје – Охрид, Струга Дебар, нема пријавени случаи на заболени од грип.

Д-р. Стурлакова Коровешоска истакна дека благодарение на тоа што луѓето се вакцинираат превенцијата е поголема, се спречува појавата на потешки форми и придонесува помалку работа да имаат интернистите и инфектолозите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/архива

Post navigation

Previous Во сабота ќе се одржи хуманитарниот планинарски марш во спомен на Трајан Целески-Тачо
Next Крводарителска акција со вработените во СВР Охрид

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.