Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Стефаноска: Велигденските празници секогаш се најава за летната туристичка сезона, очекувањата се прилично позитивни

Стефаноска: Велигденските празници секогаш се најава за летната туристичка сезона, очекувањата се прилично позитивни

Стефаноска: Велигденските празници секогаш се најава за летната туристичка сезона, очекувањата се прилично позитивни

Охрид, 11. април 2025 (ИНПРЕС) – Велигденските празници секогаш се најава за летната туристичка сезона и ако земеме предвид почетокот на оваа година, очекувањата за летната сезона 2025 се прилично позитивни, потенцира директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Билјана Стефаноска на гостувањето во „Македонија наутро” на МРТ 1.

Додаде дека како и минатите години, Македонија има голем потенцијал да привлекува туристи од соседните земји, како што се Србија, Бугарија, Албанија и Косово.

– Се очекува дека ќе има зголемена посетеност од овие региони, и тоа не само заради природните убавини, туку и заради продолженото подобрување на инфраструктурата. Се очекува интерес за летни дестинации, како што се Охрид, Струга, Скопје, но и за планинските региони и села, рече Стефаноска.

Поренцира дека новата авионска линија од Париз и стартот на линијата од Истанбул до Охрид, се одлични индикатори за растечкиот интерес за Македонија како туристичка дестинација.

– Ова е позитивен знак за туристичката индустрија, особено во поглед на зголемениот број туристи од Западна Европа и Турција, додаде Стефаноска.

Развојот на туристичката индустрија бара целосна координација и акција од различни чинители: владини претставници, менаџери на угостителски објекти, туристички ентитети и авиокомпании. Сепак, вели Стефаноска, прашањето за инвестициите и подобрувањето на туристичката индустрија во Македонија има неколку аспекти кои заслужуваат внимание. Македонија има определени инцијативи за развој на туризмот, но често недостасува конкретна и долгорочна стратегија за стимулирање на приватните инвестиции. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Денес се одржува регионалниот натпревар „Млади библиотекари“
Next Прекин во водоснабдувањето на улица „Кленоец“

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.