Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Струга се подготвува за Ѓурѓовденската литија што ќе се одржи на 7-ми мај

Струга се подготвува за Ѓурѓовденската литија што ќе се одржи на 7-ми мај

1 min read
Струга се подготвува за Ѓурѓовденската литија што ќе се одржи на 7-ми мај

Струга, 2. мај 2025 (ИНПРЕС) – Моштите на Свети Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона и годинава на 7-ми мај, на вториот ден од празникот Ѓурѓовден ќе ја благословат Струга, со што продолжува црковната манифестацијата што традиционално се одржува секоја година.

Новина оваа година е што наместо Крнинската икона на Мајката Божја, во литијата ќе биде вклучена Богородичната икона „Гликофилуса“, која неодамна пристигна во Бигорскиот манастир, вели сестра Ефимија од женскиот манастир Свети Георгиј Победоносец во Рајчица.

Традиционално чесните мошти на Свети Георгиј Победоносец ќе бидат изложени во храмот за поклонение пред да започне вечерната боголужба, сѐ до започнувањето на Еордијата. По отслужената ктиторската вечерна богослужба, литијата ќе тргне од храмот „Св. Георгиј Победоносец“ во Струга, предводена од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорскиот, манастирите во Рајчица и Пречиста. Најавено е присуството и на неговото блаженство архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан.

Моштите на светецот ќе бидат носени од четворица видни граѓани, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Се поставува нова водоводна линија за комплексот згради во населбата Бејбунар
Next Гимназијаците организираат хуманитарен музичко-сценски настан „Тркало на времето“

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.