Таравари: Првите критични 72 часа поминаа без нови смртни случаи
March 19, 2025

Скопје, 19. март 2025 (ИНПРЕС) – Добра вест е што поминаа првите критични 72 часа и нема починати меѓу хоспитализираните пациенти, изјави на прес конферениција министерот за здравство Арбен Таравари.

– Добро е што се поминаа првите критични 72 часа, ни еден починат од тие кои ја преживеаа трагедијата, се надевм сите пациенти да закрепнат и полека полека веќе да зборуваме колку пациенти си одат дома. Од денес хирушките клиники ќе почнат да фунционираат за онколошки пациенти, а од утре сите клиники ќе работат според програмите што се предвидени, рече Таравари.

Според последниот биланс на болничко лекување во земјава и во странство се вкупно 178 пациенти низ разни здравствени установи. Од нив во државните болници во Македонија се лекуваат 64, а во приватните 13, сите во релативнос табилна состојба. 101 пациент се третираат надвор од државата.

Најави дека денес ќе биде реализиран последниот трансфер на пациенти во странство, а ќе бидат пренесени вкупно 5 повредени. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива