Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утревечер промоција на прозни книги на Тина Иванова и Енис Хилми во Охрид

Утревечер промоција на прозни книги на Тина Иванова и Енис Хилми во Охрид

1 min read
Утревечер промоција на прозни книги на Тина Иванова и Енис Хилми во Охрид

Охрид, 18. јули 2025 (ИНПРЕС) – Утревечер од 19:30 часот во кафе-барот „Ликвид“ ќе бидат промовирани најновите книги на авторките Тина Иванова и Енис Хилми.

Тие ќе ги претстават своите книги со раскази, „Danse Macabre“ и „Берлин, градот што не го засакав на прва“, споделувајќи со публиката дел од нивниот свет и од патот до приказните што ги создадоа.

„Danse Macabre“ е збирка од осум раскази кои, иако различни, ги поврзува иста тематика – како што сугерира и самиот наслов, алегоричен и гротескен приказ на смртта и животот.

„Берлин, градот што не го засакав на прва“ е второ дополнето издание на нејзината прва книга, за која е добитничка на дебитантската награда “Новите”, за најдобар прозен ракопис за 2024. Ова ќе биде прва промоција, во родниот град на авторката Хилми.

За книжевните остварувања ќе говорат Мерсиха Исмајлоска, Елизабета Шелева и Стефан Алијевиќ. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Празникот Св. Недела ќе се одбележи во истоимената црква во село Скребатно
Next Деновиве топол бран низ Македонија – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Слични вести

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година
1 min read

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција
1 min read

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.